Џудо-федерацијата на Македонија (ЏФМ) учествуваше во реализацијата на Европската недела на спортот. Главниот настан се одржа во саботата, во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје.

На овој настан, кој е во организација на Агенцијата за млади и спорт (АМС), ЏФМ имаше своја презентација, а беа поделени над 500 летоци со најбитните информации за џудото.

ЏФМ му се заблагодарува на АМС за дадената доверба, како и на џудо-клубовите што се одѕваа на повикот и испратија свои спортисти, кои активно учествуваа во презентацијата, разговараа со родителите што беа заинтересирани да добијат информации за џудото како спорт и делеа летоци.
Одбележувањето на овој настан помина во одлична атмосфера, а многу родители добија првични информации за џудото во Македонија.