Најдобриот македонски тенисер Томислав Јотовски беше елиминиран во четвртфиналето на ИТФ фјучрс турнирот во австрискиот град Фогау.

Јотовски по три сета претрпе пораз од домашниот тенисер Јонас Тринкер со 3:6, 6:2 и 7:6.

Третиот одлучувачки сет се играше речиси еден час, а Тринкер победата ја оствари во тај-брејк со резултат 10:8.

Турнирот се игра на земјена подлога и има награден фонд од 15.000 американски долари.