Најдобриот македонски атлетичар спорред ИААФ, Јован Стојоски, претседателот на МОК д-р Васил Тупурковски и претседателката на Атлетската федерација на Македонија Александра Војнеска Зикова, денес во просториите на МОК потпишаа договор за олимписко стипендирање, во насока на што подобри подготовки на Стојоски за учество на Летните олимписките игри во Токио.

– Исклучително сум среќен за оваа помош и активност од страна на Македонскиот олимписки комитет и верувам дека со оваа помош и секако, со помош на Атлетската федерација на Македонија и другите помагатели, ќе постигнам свој најдобар резултат и  спешно ќе ја претставувам Македонија на ЛОИ во токи кои ќе се одржат во 2021 година – изјави Стојоски.

Најдобар резултат на Стојоски на 400 метри е 46,92 секунди. Негов тренер е Марина Мишиќ, а претходно тренер му беше починатиот македонски атлетичар, Исмаил Мачев.