Јован Стојоски

АТЛЕТИКА

Тој ќе тр­ча на 400 ме­три в пе­ток. Во пос­ле­ден мо­мент от­пад­на Да­рио Ива­нов­ски (1.500 м). На 36. ЕП во са­ла тре­ба да на­ста­пат ре­корд­ни, над 730 ат­ле­ти­чар(к)и од 47 зем­ји, ме­ѓу кои де­се­ти­на осво­ју­ва­чи на ти­ту­ла­та од ми­на­то­то ЕП

Да­рио Ива­нов­ски не­ма да на­ста­пи на Европ­ско­то пр­венс­тво (ЕП) во ат­ле­ти­ка, во са­ла, во То­рун, Пол­ска, од че­твр­ток до не­де­ла. При­чи­на­та е позитив­ни­от на­од на ко­вид-19. Ива­нов­ски (23) тре­ба­ше да на­ста­пи во тр­ка­та на 1.500 ме­три, за ко­ја има­ше обез­бе­де­но нор­ма и се­зо­на­ва два­па­ти го по­до­бру­ва­ше ре­кор­дот на Ма­ке­до­ни­ја, кој се­га е 3:44,98 ми­ну­ти. Единс­твен ма­ке­дон­ски претставник на ЕП ќе би­де Јо­ван Сто­јо­ски, во тр­ка­та на 400 ме­три, во ква­ли­фи­ка­ци­и­те в пе­ток (фи­на­ле­то е в са­бо­та). Нај­до­бри­от резултат на Сто­јо­ски во оваа дис­цип­ли­на е 47,57 се­кун­ди, осум сто­тин­ки пос­ла­бо од др­жав­ни­от ре­корд од 1987 го­ди­на на Ис­ма­ил Ма­чев, по­ра­не­шен тре­нер на Сто­јо­ски.

– Ќе тр­чам нај­бр­зо што мо­жам, ка­ко и на се­ко­ја тр­ка, тоа го ве­ту­вам и го оче­ку­вам, во сил­на кон­ку­рен­ци­ја ме­ѓу 55 ат­ле­ти­ча­ри што се при­ја­ве­ни за мо­ја­та тр­ка – ни из­ја­ви Стојо­ски пред за­ми­ну­ва­ње­то за Пол­ска.

На 36. ЕП во са­ла тре­ба да на­ста­пат ре­корд­ни, над 730 ат­ле­ти­чар(к)и од 47 зем­ји, ме­ѓу кои има де­се­ти­на осво­ју­ва­чи на ти­ту­ла­та од ми­на­то­то ЕП, во 2019 го­ди­на во Глаз­гов. Во То­рун се оче­ку­ва да на­ста­пат Пол­ја­кот Мар­цин Ле­ван­дов­ски (1.500 и 3.000 м), кој ќе ата­ку­ва на че­твр­та по ред ти­ту­ла пр­вак на Евро­па во са­ла. Тој тре­ба да на­ста­пи и на 800 ме­три и има шан­са да би­де пр­ви­от со три по­бе­ди на ед­но ЕП во са­ла. Ме­ѓу нај­го­ле­ми­те ѕвез­ди се и свет­ски­от ре­кор­дер во скок со стап (6,19 ме­три во са­ла), Шве­ѓа­не­цот Ар­манд Дуп­лан­тис, Нор­ве­жа­не­цот Ја­коб Ин­ге­бри­тсен, осво­ју­ва­чот на зла­то на 3.000 и на сре­бро на 1.500 м на ЕП 2019, и дру­ги. Л.Д.