Македонската каратистка Пуликсенија Јовановска не успеа да ја мине првата фаза во натпреварот во кати, на карате турнирот, на Олимписките игри.

Јовановска оствари резултати 23,8 и 24 поени (просечна оценка 23,9), што беше доволно за деветто место од вкупно десет каратистки кои се натпреваруваа во оваа дисциплина.

Македонската претставничка беше последна во својата група, а најдобар резултат оствари Сандра Санчез од Шпанија (27,86).