АТЛЕТИКА

Етиопјанката Јалемзерф Јехуалау го собори светскиот рекорд за жени во полумаратон на настанот на брегот Антрим во Северна Ирска, пишува „Би-би-си“. Таа постигна време од 63 минути и 43 секунди, што е за 19 секунди побрзо од претходниот рекорд, поставен од Кенијката Рут Чепнгетич, претходно годинава.
Етиопјанката трчаше под светското рекордно темпо за време на целата трка. Нејзиното време е за 57 секунди подобро од нејзиниот личен рекорд, поставен во Истанбул претходно годинава, кога Чепнгетич го постави тогашниот светски рекорд, пишува „Би-би-си“.