Македонскиот скијач-нордиец Ставре Јада (20) победи на двете трки на 10 км во рамките на Европскиот куп на ролери што се одржаа на падините на Водно, во Скопје.  Јада на двете трки освои по 88.36 ФИС поени, што е трет најдобар резултат за него во кариерата.

Јада, олимиецот од Пјонгчанг 2018-та, беше најдобар и на двете трки на 10 и на 12 км во Крушево, кон крајот на август, што е показател дека е во добра форма и оти во пресрет на новата сезона на снег од него може да се очекуваат уште подобри резултати.

На почетокот од месецов Јада во Лерин, Грција со освојувањето н второто место во трката на 10 км, го постигна вториот најдобар резултат во кариерата (86.43 ФИС поени). Најдоброто постигнување му е од март годинава во Мецово, Грција, во трката на 5 км и освоените 76.79 ФИС поени.

– Добро сум подготвен, тренирам напорно, а потврда за тоа се добрите резултати на
минатите неколку трки. Посебно ми се драги четирите први места на трките што се
одржаа во Македонија, во моето Крушевои во Скопје, во силна конкуренција. Во Скопје на првата трка поведов уште од стартот и до крај немав посериозни ривали. Втората трка беше поинтересна и понеизвесна, но сепак успеав да победам. Продолжувам со тренинзите, снежната сезона ќе почне наскоро и мојата цел е да напредувам во секој поглед, како технички, така и резултатски – истакнува Јада. Л.Д.