Ѓорѓија Стојанов е именуван за нов спортски директор на Џудо федерацијата на Македонија (ЏФМ) врз основа на објавениот конкурс. Извршниот одбор на ЏФМ согласно член 40 од Статутот за работа донесе едногласна одлука за назначување на  Стојанов на функцијата по разгледувањето на пристигнатите апликации.

Генералениот секретар на ЏФМ, м-р Миодраг Стојановиќ од свое лично име и од име на раководството на ЏФМ му го честита изборот на Стојанов и му посакува успех во работата.