Лина Ѓорческа оствари победа над првата носителка Чагла Бујукакџај со 6-0 и 6-2 и се пласира во втората рунда на тенискиот турнир во Анталија (земјена подлога, награден фонд од 25.000 долари). Следна противничка на Ѓорческа ќе ѝ биде Шпанката Андреа Лазаро Гарсија. Ѓорческа, на 341-то место на ВТА-листата во поединечна конкуренција, односно на 210-то во двојки, со Деспина Папамикали од Грција (втори носителки), денеска, во втората рунда, во двојки ќе игра против словенечко/чешката комбинација Ника Радишиќ/Јохана Маркова.