Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа забележа втора победа на турнирот во Обидош, Португалија.

Ѓорческа ја совлада Германката Ана Класен по пресврт, со 5-7, 6-0, 6-4 по сетови на фјучерс турнирот, кој е со награден фонд од 25 илјади долари.

Во третото коло, Ѓорческа ќе игра со уште една Германка – Лена Рефер.