Најдобрата македонска тенисерка, Лина Ѓорческа, се пласира во четврт-финалето на турнирот во Белинцона, Швајцарија, откако направи нов пресврт за ја совлада Италијанката Лукреција Стефанини со 1-6, 6-3 и 6-0 по сетови.

Ѓорческа игра одлично на турнирот чиј награден фонд изнесува 60 илјади долари, со што во претходната рунда беше подобра и од третата носителка, Кинеската Ван Ксју, со 3-6, 6-4 и 6-0 по сетови.

Интересно е што македонската тенисерка (359-та на ВТА-листата) славеше со пресврт во три кола едноподруго, добивајќи ги решавачките сетови на претходните два дуела без загубен гем.

Ѓорческа, која преку квалификациите стигна на главниот турнир, во утрешното четврт-финале ќе се сретне со уште една Италијанка, Луција Бронѕети, која моментно е 345-та светска тенисерка.