Најдобрата македонска тенисерка, Лина Ѓорческа (моментно 336-та на ВТА-листата), со две убедливи победи остварени денеска, се пласира во полуфиналето на турнирот во Лиепаја, Летонија.

Ѓорческа која е четврта носителка на турнирот, прво ја совлада Белгијката Магали Кемпен со 6-2, 6-2 по сетови во осминафиналето, за потоа да и препушти само еден гем на Италијанката Федерика Арчидијаконо во четврт-финалето (6-1, 6-0).

Македонската тенисерка попладнево игра и во полуфиналето во конкуренција на двојки.

Турнирот во Летонија се игра за награден фонд од 25 илјади долари.