Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа се пласираше во четвртфиналето на ИТФ фјучрсот во Баја, Унгарија.

Ѓорческа во второто коло ја совлада српската тенисерка Наталија Костиќ. Во натпревар што траеше околу еден час со победа во два сета (6:4, 6:2) македонската тенисерка обезбеди место меѓу осумте најдобри на турнирот.

Таа во следното коло ќе се соочи со подобрата тенисерка од натпреварот меѓу Река-Лица Јани од Унгарија и Мирјам Бјанка Булгару од Романија.

Турнирот се игра за награден фонд од 25.000 американски долари.