ТЕНИС

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа напредуваше за 20 места на најновата ранг-листа на Женската тениска асоцијација (ВТА) и сега е на 339. место, со 164 поени. Напредокот следува по големиот успех со пласманот во четврт-финалето на минатонеделниот турнир во Швајцарија, со награден фонд од 60.000 долари. Таа на турнирот се пласира по двете победи во квалификациите, а потоа на главниот турнир оствари три победи. На првото место на ВТА-листата и понатаму е Ешли Барти од Австралија, со 9.285 поени.