Добар старт на најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа на турнирот во Анталија, Турција (земјена подлога и со награден фонд од 25.000 долари). Таа и Деспина Папамикали од Грција, како втори носителки, во првата рунда во натпреварите во двојки, забележаа победа над Тасја Пачкалева/Амина Аншба од Русија, во два сета, со 6-2, 6-3. Следен противник на Ѓорческа/Папамикали ќе им биде словенечко/чешката двојка Ника Радишиќ/Јохана Маркова. Ѓорческа, која е рангирана на 341-то место на ВТА-листата во поединечна конкуренција, односно 210-та во двојки, денеска во првото коло во поединечна конкуренција се среќава со првата фаворитка, Турчинката Чагла Бујукакџај.