Фото: Архива

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа го освои трофејот во конкуренција на двојки на фјучерс-турнирот во Калви, Франција, со награден фонд од 25 илјади долари.

Првите носителки на турнирот, Ѓорческа и Французинката Амандин Ес, во финалето беа подобри од домашната комбинација Одри Алби и Леолија Жанжан (трети носителки) со резултат 7-5 и 6-4 по сетови, за еден час и 32 минути игра.