Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ ја освои титулата на Вимблдон, совладувајќи го Кевин Андерсон од ЈАР со 3:0 во сетови(6:2, 6:2, 7:6).

Ѓоковиќ во првите два сета одигра одличен тенис, искористувајќи ги сите брејк шанси, но Андерсон во третиот сет заигра поконцентрирано што резултираше со тај брејк, кој Ѓоковиќ повторно го доби.

Ова е четврта титула на Ѓоковиќ на Вимблдон.