Новак Ѓоковиќ покажа дека е подготвен да ја одбрани титулата од Вимблдон, откако во второто коло го совлада Американецот Денис Кудла со 6:3/6:2/6:2 во меч во кој дури имаше време да се шегува со публиката.

Тој не криеше дека е задоволен од својата форма, откако обезбеди пресметка со Полјакот, Хуберт Хуркач.

-Задоволен сум од мојата игра, иако имаше моменти во мечот во кој можев да одиграм подобро. Враќав добро, сервирав стандардно и секако дека сум задоволен- вели Ѓоковиќ.

Трикратниот шампион, Џон Мекинро по мечот јасно порача дека Србинот е фаворит за титулата.

-Неговиот интензитет, неговиот однос, сè изгледа совршено за Новак Ѓоковиќ и ќе биде многу тешко некој да го сопре оваа година. Многумина веќе го гледаат како шампион- вели Мекинро.