Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ се пласираше во полуфиналето на АТП турнирот од серијата „мастерс 1000“ во Париз, совладувајќи го Хрватот Марин Чилиќ со 4-6, 6-2, 6-3 по два часа и 10 минути игра.

Ова беше 18 меѓусебен дуел на Чилиќ и Ѓоковиќ и 16-та победа на српскиот тенисер, кој од понеделник повторно ќе биде прв на АТП ранг листата.