Новак Ѓоковиќ на аеродромот „Никола Тесла“, пред заминувањето за Токио, одржа прес-конференција. Најдобриот светски тенисер е најголем фаворит за освојување на златниот медал на тенискиот турнир во Токио. Ѓоковиќ во Токио ќе се обиде да го освои трофејот кој му недостига во кариерата. Тој досега на ЛОИ има една бронза од 2008 година.

– Подготвен сум да одиграм најдобро што можам. Нема поголема чест од играњето за својата земја. Тоа се најубавите моменти што може да ги доживее еден спортист. Имав среќа да го освојам Девис купот, се уште нема олимписко злато. Не е тајна дека ќе се обидам да го освојам златниот медал. Тоа е голема цел, голема амбиција од почетокот на сезоната – четири Гренд слема и златен медал на ЛОИ – рекол Ѓоковиќ и дополнил.

Српскиот тенисер ги посочил конкурентите во Токио.

– Некои играчи од самиот врв го откажаа настапот, но останатите ќе играат. Би ги издвоил Медведев, Циципас и Зверев. Ќе биде тешко да се дојде до финалето. Игрите носат притисок и многу емоции. Се и сешто може да се случи. Овој турнир се разликува од останатите во сезоната – заклучил Ѓоковиќ.