Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ загуби од Словакот Мартин Клижан уште на првиот настап на АТП-турнирот во Барселона.

– Жалам што не ги оправдав очекувањата – ниту на навивачите, ниту моите. Не играв на моето ниво и тешко е да се носите со вакви натпревари и порази – истакна српскиот тенисер.

Ѓоковиќ вели дека му е јасно ако сака да се врати на врвното ниво ќе мора уште многу да работи.

За Ѓоковиќ ова е трета елиминација на почеток од турнир, откако сезонава претходно загуби во Индијан Велс и Мајами.