ТЕНИС – РОЛАН ГАРОС

Шпанецот Рафаел Надал експресно го елиминира младиот Италијанец Јаник Синер, со 3-0 во сетови (7-5, 6-3, 6-0), во осминафиналето на гранслем-турнирот Ролан Гарос во Париз и го закажа своето рекордно 15-то четврт-финале. Надал стигна до 50-та победа во кариерата над италијански тенисери со само пет порази. Бранителот на титулата во денешното четврт-финале ќе игра со 10-от носител, Аргентинецот Диего Шварцман.
Рекордно 15-то четврт-финале на терените во Париз обезбеди и првиот светски тенисер, Србинот Новак Ѓоковиќ, по исцрпувачкиот дуел со младиот Италијанец Лоренцо Музети, кој го предаде петтиот сет при резултат 4-0 за Ѓоковиќ. Денеска Ѓоковиќ во четврт-финалето ќе игра со Италијанецот Матео Беретини. Освен Надал и Ѓоковиќ, на вечната листа четврт-финалисти на Ролан Гарос е и Швајцарецот Роже Федерер со 12 пласмани.