Третиот светски рекет Новак Ѓоковиќ избори четвртфинале на Мастерсот во Шангај, Кина, откако претпладнево го совлада Марко Чекинато со 2-0, по сетови 6:4 и 6:0.

Ова беше своевиден реванш на Србинот за поразот во четвртфиналето на Ролан Гарос.

Противник на Ѓоковиќ во следната фаза ќе биде Кевин Андерсон од Јужна Африка кој во осминафиналето беше поуспешен од Гркот Стафанос Циципас.

Мастерост во Шангај се игра за награден фонд од седум милиони долари.