Светскиот рекет број еден, Новак Ѓоковиќ (33), на годинашниот тениски гранслем-турнир Ролан Гарос, на кој настапува 15 години во низа, ја забележа и третата победа, против 23-годишниот Колумбиец Даниел Галан Риверсос (рангиран на 153-то место во светот), со 6-0, 6-3-6-2, откако претходно победи и на мечевите со Швеѓанецот Микаел Имер (80-ти) и Литванецот Рикардас Беранкис (61-ви) со по максимални 3-0 во сетови.

Со тоа Ѓоковиќ го подобри својот ефект од 2020 година на 34 победи од можни 35 и еден пораз и засега сезонава освои 19 од 20 сета на земјени терени. Истовремено, тој сега има вкупно 71 победа на турнирот во Париз, со што изби на втората позиција, надминувајќи го Швајцарецот Роже Федерер (39), кој има 70 триумфи на терените на Ролан Гарос. Повеќе победи во Париз, 96, засега има само Шпанецот Рафаел Надал (34). 


ПОЕДИНЕЧНИ РЕЗУЛТАТИ

ТЕНИСЕР                     ПОБ.            ПОР.
Рафаел Надал             96                2
Новак Ѓоковиќ            71                14
Роже Федерер             70                17
Гиљермо Вилас           58                17
Иван Лендл                 53                12