Фото: Зоран Антоски

Со денешниот убедлив триумф над фаворизираниот состав на Весна Пробиштип од 3-0 (25-20, 25-22, 25-22 по сетови), Шутова се избори за место во првата шесторка на табелата, со што обезбеди и место во завршницата на првенството во одбојка.

Домаќините за 59 минути игра го решија мечот во своја полза и потврдија дека имаат квалитет и за највисок пласман. Гостите посилен отпор пружија во вториот и третиот сет кога имаа и предност од 3-4 поени, но домаќините во тие моменти заиграа поангажирано и го решија мечот во своја корист.

Проблем за сите присутни на овој натпревар беше студената сала, што придонесе овој дуел да го проследат едвај педесетина гледачи. Ако се реализираат најавите на клубот дека екипата на Шутова играчки ќе се засили во текот на полусезоната, тогаш може да се очекува и борба за самиот врв на табелата. З.А.