Шпанската тенисерка Паола Бадоса го предаде својот мел на тенискиот турнир во Токио. Шпанката не можеше да ги издржи нехуманите услови на теренот, поради високата температура (+32) и влажноста на воздухот од 72 отсто, таа доживеа топлотен удар.

Во текот на првиот сет против Маркета Вондрушова од Чешка, Бадоса, бараше и доби медицинска помош, а откако го загуби сетот со 6:3, реши да се повлече од турнирот.

На крајот Бадоса во инвалидска количка го напушти теренот во Токио.

Бадоса треба да игра и во мешани двојки со Карењо Буста, но прашање е дали ќе се појави на теренот.