Шеесетина џудисти од џудо клубовите „Пролетер“ и „Сеишин“ од Прилеп, „Преспа“ од Ресен, како и „Кожувчанка“ од Кавадарци учествуваа на заедничкиот отворен тренинг одржан во Прилеп во петокот. Тренингот беше организиран по иницијатива на џудо клубот „Прилетер“ од Прилеп, а во координација со спортскиот директор м-р Ѓоре Мирчески и членот на Стручниот совет Александар Ѓорѓиоски.

На ова несекојдневно спортско дружење, кое го водеше професор Славе Димитриоски, учество зедоа џудисти од различни возрасни групи кои се стекнаа со нови натпреварувачки искуства.

Позитивните импресии од тренингот беа очигледни, за што доказ претставуваат и јасно изразените насмевки на изморените лица на џудистите и тренерите.

Практикувањето на ваквите заеднички тренинзи на џудо клубовите од државава го поздрави и Џудо федерацијата (ЏФМ), надевајќи се дека заедничките дружби ќе преминат во пракса, се до започнување и имплементирање на проектот „Хаџиме 2020“.