Здружението на спортски ветерани „Шарпланинец“ од Тетово, потпомогнато од Федерацијата на спортски ветерани на Македонија и од Агенцијата за млади и спорт, в сабота, 2 март на падините на Попова Шапка, на патеката „Пионерско брдо“, ќе го организира првиот „Шара куп 2019“ во алпско скијање за ветеран(к)и во три возрасни категории, од 41 до 50, од 51 до 60 и над 60 години.

Според информациите од организаторите, „Шарпланинец“ од Тетово на саботните натпревари се очекува да настапат над 50-на скијач(к)и во сите категории, мажи и жени. За најдобрите организаторите обезбедија пригодни пехари и признанија.