Хрватскиот тенисер Марин Чилиќ истакна дека е полн со самодоверба пред почетокот на Вимблдон. Чилиќ, кој сега се наоѓа на петтата позиција на АТП листата, неодамна ја освои титулата на турнирот во Квинс, откако во финалето го совлада најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ.

– Фактот дека Енди Мареј и Рафаел Надал триумфираа на Вимблдон, откако претходно ја освоија титулата во Квинс, ми дава самодоверба. Многу сум задоволен дека пехарот од Квинс ми припадна мене, бидејќи тоа значи дека сум подготвен за гренд слем – истакна хрватскиот тенисер.

Чилиќ наведе дека сезоната на трева трае многу кратко, а тоа бара од играчите брзо да се враќаат во врвна форма.

– Во добра форма сум и чувствувам дека можам да остварам добар резултат. Минатата година само за една победа не стигнав до трофејот – нагласи хрватскиот тенисер.

Вимблдон започнува на втори јули, a Чилиќ во првото коло ќе игра против јапонскиот тенисер Кеи Нишикори.