Ин­тер­на­ци­о­нал­ни­от мај­стор (ИМ) Фи­лип Пан­чев­ски, Го­ран Ми­лиќ и ве­ле­мај­сто­ри­те (ВМ) Звон­ко Ста­но­јо­ски и Вла­тко Бог­да­нов­ски има­ат ма­кси­ма­лен ефект од три по­е­ни по тре­то­то ко­ло на Отво­ре­но­то пр­венс­тво на Ма­ке­до­ни­ја во шах (де­вет ко­ла), во Скопје, во кон­ку­рен­ци­ја на 71 учес­ник (двај­ца ВМ, трој­ца ИМ, де­вет­ми­на ФМ).

На чел­на­та таб­ла Пан­чев­ски, кој е и пр­во­ран­ги­ран, го по­бе­ди Ро­берт Ве­ле­ски, отка­ко во сре­диш­ни­ца­та освои фи­гу­ра, Бог­да­нов­ски по го­ле­ма бор­ба сла­ве­ше над Ми­ле Трајков­ски отка­ко оста­на со пе­шак по­ве­ќе, Ста­но­јо­ски по­лес­но од оче­ку­ва­но­то го совла­да Вла­ди­мир Тр­ка­ља­нов (19 по­тег), а Ми­лиќ бе­ше по­до­бар од То­ни Стој­ма­нов­ски. Вред­но ре­ми за­бе­ле­жа Але­ксан­дар Кра­лев­ски про­тив ре­пре­зен­та­ти­ве­цот Ни­ко­ла Николов­ски, кој иа­ко има­ше два то­па про­тив кра­ли­ца и топ, ус­пеа со т.н. ве­чен шах да ре­ми­зи­ра.

Нај­до­броп­ла­си­ра­на ша­хис­тка (од вкуп­но три) е Ива­на Ма­но­ва (1.953 реј­тинг-по­е­ни, ран­ги­ра­на 26-та), ко­ја со два по­е­на е на 25-то ме­сто. Во ова ко­ло таа бе­ше по­до­бра од Зо­ран Куз­ма­нов­ски (1.458).

Пр­венс­тво­то има ква­ли­фи­ка­ци­ски карактер, па ше­сте­ми­на нај­до­бри стек­ну­ва­ат пра­во на на­стап на За­тво­ре­но­то првенство на Ма­ке­до­ни­ја за 2019 година, кое, пак, ќе се игра со 10 шахисти.  Г.И.

Поз­на­чај­ни ре­зул­та­ти од тре­то­то ко­ло

ИМ Пан­чев­ски (2.495) – ФМ Ве­ле­ски (2.211) 1-0, Тр­ка­ља­нов (2.125) – ВМ Стано­јо­ски (2.447) 0-1, ИМ Ни­ко­лов­ски (2.395) – ФМ Кра­лев­ски (2.112) ре­ми, Трај­ков­ски (2.120) – ВМ Бог­да­нов­ски (2.390) 0-1, ФМ Кон­стан­ти­нов (2.080) – ФМ Ла­зов (2.335) ре­ми, ФМ Ан­до­нов­ски (2.287) – Ри­сте­ски (2.068) ре­ми, ФМ Качаков­ски (2.042) – ФМ Ди­нев (2.248) ре­ми, Ми­лиќ (2.233) – Стој­ма­нов­ски (1.871) 1-0, ИМ Дан­чев­ски (2.346) – Петре­ски (1.346) 1-0, ФМ Илиќ (2.099) – ФМ Ха­џи-Ма­нев (1.982) 0-1 итн.