Секогаш можете да се подобрите. Не победувавме на секоја трка минатата година, има области на кои се сопнавме и има многу елементи во победите. Секогаш има области во кои можеме да се подобриме. Како возач, како можам да ја подобрам комуникацијата со мојот тим и со механичарите, но и како да имам подобри перформанси. Секоја година, па дури и во текот на сезоната, техниката се развива, вели Хамилтон

ФОРМУЛА 1

Луис Хамилтон, шесткратниот светски првак во Формула 1, вели дека и понатаму секоја година уште ја менува својата возачка техника, како дел од неговите постојани настојувања да биде што подобар на патеките.
– Секогаш можете да се подобрите. Не победувавме на секоја трка минатата година, има области на кои се сопнавме и има многу елементи во победите. Секогаш има области во кои можеме да се подобриме. Како возач, како можам да ја подобрам комуникацијата со мојот тим и со механичарите, но и како да имам подобри перформанси.

Секоја година, па дури и во текот на сезоната, техниката се развива. Годинава, на пример, ги имаме истите гуми како лани, но тогаш тоа ни беше проблем, така што уште има суптилни техники на кои ќе морам да се приспособувам, исто така, и со друг автомобил. И тоа е дел од спортот, да можете да се приспособите – вели Хамилтон во заедничкото интервју за „Скај“ со шефот на Мерцедес, Тото Волф, пренесува интернет-страницата на Ф1.

Тековниот договор на Британецот истекува на крајот на годинава, но тој вели дека не брза со потпишување нов и нагласува дека парите не се најголема тема кога станува збор за преговорите со Волф. Тој, исто така, изјави дека со своите 35 години е поблиску до крајот на својата натпреварувачка кариера во Формула 1, отколку на почеток.
– Потенцијално влегувам во мојот последен временски период од натпреварувањето и секако дека сакам максимално да ги подобрам финансиите, но уште повеќе резултатите – вели Хамилтон, пренесе интернет-страницата на Формула 1.