Луис Хамилтон е на добар пат да ги постави сите можни рекорди во Формула 1, откако шесткратниот светски шампион рутински стигна до победа на Ајфел ГП трката на легендарната патека Нирбургринг, триумфирајќи пред Макс Ферстапен во Ред бул и изненадувачки, Даниел Рикардо, првпат во тимот на Рено.

Ова е вкупно 91-ва победа во кариерата на британскиот возач со што се израмнува со рекордот на Михаел Шумахер, и остана на добар пат да израмни уште еден рекорд на Германецот, тој од седум светски титули.

По трката, тој доби посебен подарок од синот на Михаел Шумахер, Мик, кацига од времето кога Шуми возеше за Мерцедес.

– Не знам што да кажам. Кога ќе растеш го идолизираш тој што е најдобар. Не можев ниту да сонувам дека ќе бидам блиску до рекордите на Михаел – изјави Хамилтон.

Зад подиумот, Серхио Перез беше четврт за Рејсинг поинт пред Карлос Саинс Јуниор (Мекларен), Пјер Гасли (Алфа Таури), Шарл Леклер (Ферари), повратникот Нико Хилкенберг (Рејсинг поинт), Роман Грожан (Хас) и Антонио Џовинаци (Алфа Ромео). Кими Раиконен, во својата рекордна 323-та трка заврши на 12-то место, зад својот поранешен колега, Себастијан Фетел во Ферари.