Актуелниот шампион во Формула 1, Луис Хамилтон, наведе дека Фернандо Алонсо е еден од најдобрите возачи и смета дека е штета што заминува на ваков начин.

Алонсо е двократен светски шампион, а неодамна неочекувано најави дека се повлекува од Формула 1.

– Штета што не е испратен како што му доликува. Но, за жал во спортот некогаш не зависи сè од тоа каков возач сте, туку и како се снаоѓате во дадена ситуација и како се поставувате – истакна Хамилотон.

Хамилтон и Алонсо се натпреваруваа заедно во тимот на Мекларен во 2007 година, кога сезоната ја завршија на втората позиција со ист број на бодови.

– Без сомнеж тоа е еден од најдобрите возачи со кои сум се натпреварувал и му посакувам се најдобро, наведе Хамилтон.
Сезоната во Формула 1 продолжува овој викенд со трката за Големата награда на Белгија.