Спринтерската ѕвезда Шели-Ен Фрејзер-Прајс од Јамајка, олимписката шампионка на 100 метри од Лондон во 2012-та и од Рио во 2016 година, освен што ќе ја брани титулата на оваа делница, на Игрите во Токио в година ќе трча и на 200 метри. Фрејзер-Прајс, која денеска полни 33 години, планира Игрите во Токио да ѝ бидат последни.

– Дефинитивно ќе настапам на двете најбрзи трки. Минатата сезона сакав да трчам на тие две делници, но мојот тренер имаше други планови, и јас едноставно морав да го послушам, тој знае што е најдобро – изјави Фрејзер-Прајс, која освои сребрен медал на 200 метри во Лондон 2012 година.

Нејзини главни ривалки на 200 метри во Токио ќе ѝ бидат Британката Дина Ашер-Смит, која освои злато во таа дисциплина на неодамнешното Светско првенство (СП) во Доха, а беше втора на 100 метри, зад Фрејзер-Прајс.