Шаховските екипи на Фишер од Куманово и Стево Патако од Битола во машка и Гостивар и Неготино во женска конкуренција, триумфираа на првенствата на Македонија во Втората лига, што се одржаа во Струга.

Во машка конкуренција настапија 10 клуба поделени во две групи, а првите две екипи од двете групи се пласираа во финалната група, додека во женска конкуренција учествуваа четири екипи и се играше по бергеров систем (секој со секого).

Во финалната машка група нов првак стана Фишер со 6 екипни бода, втор е Стево Патако со 4, трет Шкупи со 2, а четврта е Шкендија без бодови. Кумановци ги совладаа сите три конкуренти во финалната група.

Кај шахистките пак, радува фактот што воопшто се одигра екипно првенство во оваа конкуренција. Екипата на Гостивар ги победи сите свои ривали и освои 6 бода, втор е Неготино со 4, а трет Карпош со 1 бод, колку што имаше и чевртопласираниот Стево Патако.

Првите две екипи во двете конкуренции ќе можат да играат и на годинашното првенство во Првата лига. Г.И.