Србинот Филип Филиповиќ е прогласен за најдобар ватерполист во 2018 година.

Европската федерација за водени спортови (ЛЕН) по четврти пат му ја додели наградата на Филиповиќ за играч на годината на Стариот Континент. Претходно тој беше најдобар и во 2009, 2014 и 2016 година.

Играчот на Про Реком освои 46,3 отсто од гласовите, убедливо најмногу пред Даниел Лопез Пинедо кој доби 17,9 и Јанис Фудулис со 16,4 отсто од гласовите.