За ФИДЕ организирањето шаховски турнири не е единствената мисија. Како и секоја друга спортска асоцијација, натпреварувачките аспекти се само средство за постигнување повисоки цели, пишува ФИДЕ, претставувајќи ги своите проекти за шах во образованието, шах за лица со попреченост и фонд за поддршка на истакнати шаховски сениори

ШАХ

Шах во образованието, шах за лица со попреченост и фонд за поддршка на истакнати шаховски сениори се социјалните проекти на Светската шаховска федерација (ФИДЕ) за кои организира собирање средства, пишува на официјалната интернет-страница на ФИДЕ.
– На неодамнешното Светско првенство (СП) во шах за компании, организиравме собирање парични средства. Од сите компании-учеснички беше побарано да дадат донација за еден од овие три социјални проекти. Но исто така, можете и поединечно да придонесете и со ваша парична помош – пишува Светската шаховска федерација, која во моментов фаворизира три социјални проекти за 2021 година.
За Светската шаховска федерација организирањето шаховски турнири не е единствената мисија. Како и секоја друга спортска асоцијација, натпреварувачките аспекти се само средство за постигнување повисоки цели, пишува ФИДЕ на својата интернет-страница