Шефот на Ферари, Маурицио Аривабен, објави дека новиот болид на тимот за следната сезона во Формула 1 ќе биде претставен на 15 февруари.

Италијанците ќе го претстават автомобилот за време на тест-возењата во Барселона.

– Ние веќе неколку месеци веќе работевме на автомобилот за следната сезона. Моторите веќе се тестираат, некои делови од машината веќе се произведуваат. На 15 февруари, ќе го претставиме автомобилот пред јавноста. Дотогаш, сè треба да биде подготвено. Прерано е да се даде општа оценка за автомобилот. Симулацијата е во тек, но вистинскиот тест ќе се случи на самата патека – изјави Аривабен.