Легендарниот американски пливач Мајкл Фелпс истакна дека треба да се зголеми поддршката на поранешните врвни спортисти.

Фелпс во јануари изјави дека по повлекувањето минувал низ тежок период на депресија и дека дури и размислувал за самоубиство.

– Сакам да истакнам дека не им се пружа доволно помош на спортистите кои се пензионираат. Кога ќе завршиме со натпреварувањата на извесен начин остануваме заборавени и се појавуваат нови имиња – истакна 33-годишниот пливач.

Тој е рекордер со 23 освоени олимписки злата, а се натпреваруваше во Сиднеј, Атина, Пекинг, Лондон и Рио де Жанеиро.

– Спортистите заслужуваат поддршка додека се натпреваруваат, но и после тоа. Се надевам дека во иднина ќе имаат поголема поддршка и ќе можат повеќе да уживаат – наведе американскиот олимпиец.

Фелпс по Олимписките игри во Рио пред две години се повлече од натпреварувањата, а потенцира дека најголемата стабилност во животот ја добива од семејството – сопругата Никол и двете деца.