Откако ја пропушти сезоната на земја, Роџер Федерер ја заврши својата прва недела назад на теренот со нова титула.

На турнирот на трева во Штутгарт, 36-годишниот Швајцарец го прослави враќањето на врвот на светската ранг-листа што си го обезбеди вчера, со трофеј во германскиот град. Во финалето, Федерер го победи Милош Раониќ со 6:4, 7:6 (3) по 1 час и 19 минути игра.

Раониќ забележа 14 асови, но тоа не беше доволно за победа.

Тоа е 98. титула во кариерата на Федерер.