Швајцарскиот тенисер Роже Федерер обезбеди пласман во четвртфиналето на Мастерсот во Шангај, откако во три сета го победи Роберто Баутиста Агут од Шапанија.

Федерер потешко од очекуваното успеа да го совлада шпанскиот тенисер со резултат 6:3, 2:6, 6:4.

Клучно за победата на швајцарскиот тенисер беше тоа што во третиот сет направи брејк за 5:4, а во следниот сервис беше сигурен и победи со 6:4.

Федерер во четвртфиналето ќе игра против јапонскиот тенисер Кеи Нишикори.