Швајцарскиот тенисер Роже Федерер зад себе има уште една успешна сезона, иако летово наполни 38 години. Годинава тој ќе ја заврши како трет тенисер на светот, но некои негови порази може да се оквалификуваат како крајно неочекувани.
Федерер загуби во 4-то коло на „Австралија опен“ од Гркот Стефанос Циципас со 1-3 (6-7, 7-6, 7-5, 7-6), за 3,45 часа, и тој меч беше прогласен за најголемото изненадување на големите турнири. Тоа беше и најава дека Циципас ќе има одлична сезона, која ја заврши со триумф на завршниот Мастерс во Лондон, минатиот месец.
На второто место на оваа листа е победата на Аргентинецот Гвидо Пелја, кој по губењето на првите два сета, успеа да го сврти резултатот во своја корист, односно да го совлада Србинот Милош Раониќ во осминафиналето на Вимблдон, со 3-2 (3-6, 4-6, 6-3, 7-6, 8-6).
Федерер е и на третото место на оваа листа, „благодарение“ на Бугаринот Григор Димитров, кој ја шокираше публиката на „САД опен“ во Њујорк, со целосниот пресврт во четврт-финалето, откако по водството на Швајцарецот од 2-1, на крајот победи со 3-2 (3-6, 6-4, 3-6, 6-4, 6-2).
Четвртата позиција ја зазеде италијанскиот тенисер Томас Фабијано, кој го изненади Циципас на стартот на Вимблдон, победувајќи го со 3-2 (6-4, 3-6, 6-4, 6-7, 6-3). На последното, петто место, е Французинот Пјер Иго Ербер со триумфот над Русинот Данил Медведев во 1-то коло на Ролан Гарос, со 3-2 (4-6, 4-6, 6-3, 6-2, 7-5).