ТЕНИС

Роже Федерер (39) вели дека му претстои „тесна“ трка за да биде подготвен да игра на тенискиот гранслем-турнир Австралија опен, пишува „Би-би-си“. Дваесеткратниот шампион на гранслем-турнирите не играше од јануари, откако направи две операции поради повредата на коленото.
– Се надевав дека ќе бидам сто отсто подготвен во октомври. Но уште не сум денес. Да видиме како ќе се одвиваат следните два месеца – рече Швајцарецот, пренесе „Би-би-си“.
Последниот меч на Федерер беше на Австралија опен годинава, каде што во полуфиналето во Мелбурн загуби од подоцнежниот шампион Новак Ѓоковиќ. Австралија опен е првиот гранслем-турнир во тениската сезона и турнирот во 2021 година требаше да почне на 18 јануари, но поради пандемијата на коронавирусот се најавува одложување на почетокот за 8 февруари.