Естонскиот натпреварувач во крос-кантри скијање Алго Кјарп призна дека користел крвен допинг, пренесе естонската телевизија „ЕРР“. Спортистот признал дека ги користел услугите на германскиот лекар Марк Шмит. Двајцата се поврзале преку поранешниот тренер на репрезентацијата на Естонија по крос-кантри скијање -Мати Алавер.

Претседателот на Естонија, Керсти Калјулајд го лиши Алавер од неговите државни признанија, откако пред неколку дена натпреварувачите Карел Тамјарв и Андреас Верпалу беа вмешани во употребата на крвен допинг за време на Светското првенство во Зефелд (Австрија).

На 27 февруари петмина спортисти беа уапсени во врска со допинг прекршоци во Австрија и Германија за време на шампионатот во нордиски дисциплини во Зефелд.

На 1 март од естонската крос-кантри федерација најавија дека Тамјарв и Веерпалу признале дека користеле допинг.