ВЕЛОСИПЕДИЗАМ

Меѓународната велосипедска федерација (УЦИ), откако ја забрани аеродинамичната таканаречена супернавивачка (стуткана) позиција на тркачот на столбот на велосипедот за време на трката во спуст, деновиве воведе други нови правила и казни. Меѓу нив е и забраната за друга, помалку аеродинамична положба на телото со потпирање на свитканите подлактици на воланот, што обично се користи за време на соло-бегство на предводникот на групата, објави специјализираната британска страница cyclingnews.com.
Понатаму, УЦИ потврди дека возачите може да бидат спречени да напредуваат на меѓународната ранг-листа и да бидат казнети со додавање време ако фрлаат отпадоци (конзерви и амбалажи од храна) „ненамерно или опасно“ или надвор од зоните за отстранување отпадоци. На етапните трки, првото фрлање отпадоци може да се казни со додавање 30 секунди на постигнатото време, второто фрлање со казна од две минути, додека третото фрлање отпадоци може да доведе до дисквалификација од трката.

УЦИ исто така ги заостри правилата за квалитетот и положбата на безбедносните бариери по должината на патот, прецизирајќи дека зона од најмалку 300 метри пред и 100 метри по целта ќе биде заштитена со бариери и напуштање на ултралесни пластични бариери што не е докажано дека заштитуваат од повреди. Новите правила стапуваат во сила од 1 април.
Велосипедистите веќе се пожалија на забраната за супераеродинамичната позиција и возењето со вкрстени подлактици заради намалување на отпорот на воздухот, како и за фрлањето отпадоци.
– Ние самите ќе одлучиме како ќе возиме велосипед и како ќе одиме на надолнините. УЦИ прво треба да се погрижи да биде во ред сѐ што е под нејзина одговорност – рече ветеранот, белгискиот велосипедист Илjo Кајсе (39) од тимот Дисенинк-квикстеп, кој беше еден од првите што реагираа на новите правила за позицијата на велосипедот при трките.