Димитар Илиевски

Истакнатиот македонски шаховски интернационален мајстор (ИМ) Димитар Илиевски одигра успешна предновогодишна симултанка на 16 табли (од кои шест жени), со претставници на Сојузот на здруженија на пензионерите на град Скопје (СЗПГС), чиј покровител беше претседателот на СЗПГС, Драги Аргировски, ја менаџираше д-р Илија Глигоров, а правдата ја делеше меѓународниот судија Слободан Михалјовски-Масловариќ.

Илиевски, кој е токму познат и по тоа што има одиграно најмногу симултанки од македонските шахисти досега, славеше со 13,5 – 4,5, при тоа забележувајќи 10 победи, седум ремија и само еден пораз.

Единствената победа на симултанката која се одигра во салата на СЗПГС во Скопје, ја оствари Душан Сурловски, додека половина поен успеаја да освојат, Ефтим Мишовски, Павле Ристовски, Воислав Смилевски, Василка Топловска, Станојко Трајановиќ, Павлина Караева и Ристо Камчевски. Г.И.