Дерби мечевите на ватерполо турнирот на Олимписките игри, во Токио, донесоа лесни победи на Србија и Шпанија во дуелите со Црна Гора, односно Хрватска.

Србија славеше во натпреварот со Црна Гора со 13:6. Србите првата четвртина ја добија со 6:1, со што го отворија патот кон победата. Филиповиќ кај Србија постигна три гола, исто толку на спротивната страна реализираше Ивовиќ.

Шпанија, со пет победи, ги заврши натпреварите во Б-групата. Против Хрватска, Шпанците славеа со 8:4. Хрватите играа лошо во нападот, во одбраната блескаше голманот Бијач, кој спречи денакл на својот тим.

Во четврт-финалето на ватерполо турнирот ќе играат Грција-Црна Гора, Италија-Србија, Хрватска-Унгарија и Шпанија-САД.