Виетнамските власти информираа дека во 2020 година во таа азиска држава ќе се одржи трка од Светскиот шампионат во Формула 1.

Доколку е точна информацијата, тоа ќе биде прва трка во Формула 1 што ќе се одржи во Виетнам.

Во соопштението од општинските власти во Ханој се наведува дека е постигнат договор со Светската автомобилистичка федерација (ФИА)и менаџментот на Формула 1.

Официјалната потврда од Формула 1 сè уште не е објавена, но претходно имаше најави дека во тек е работа за подготовка на патеката во Ханој за „Големата награда на Виетнам“.