Македонскиот пливач Евгениј Поп Ацев го освои 13-тото месето на 25-километарската трка во Гванжу, Јужна Кореја, каде се одржува Светското првенство во водени спортови. 

Поп Ацев за време од 4 часа, 54 минути и 39,90 секунди ја преплива делницата од 25-километри, што беше заостанување од повеќе од 3 минути зад првиот Аксел Рејмод од Франција, кој патем го има поставено рекордот на Охридскиот маратон. Второто место на трката го свои Кирил Балјаев од Русија, додека трет беше Алесио Очипинти од Италија.  

Претходно, Поп Ацев настапи и на трката на 10 километри, каде беше 51-ви од 63 натпреварувачи.