Томас (лево) и Фрум

Победникот на Тур де Франс 2018 година Герент Томас (Велика Британија) нема да учествува во уште една престижна велосипедска обиколка – Турнејата на Шпанија.

Натпреварувачот на „Скај“, заедно со неговиот тимски колега Крис Фрум, ќе земат учество на Турнејата на Велика Британија и затоа одбија да учествуваат во Шпанија.

Оваа година „Вуелта“ ќе започне на 25 август во Малага и ќе заврши на 16 септември во главниот град Мадрид.